157
„Она што можам да го гарантирам како претседател на држава е дека во ниту еден момент нема да дозволам да се поткопаат темелите на внатрешната и надворешната безбедност на Македонија, затоа што довербата во безбедносниот систем е темел на секоја држава“, вели претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, велејќи дека будно ја следи „аферата за незаконското прислушување“.
Таа порачува дека безбедносниот систем не е арена за партиски препукувања ниту за партиски агентура.
„Тоа се строго професионални институции, посебни органи на државната власт каде што апсолутно е забрането политичко или партиско здружување и дејствување“ – вели Сиљановска-Давкова во изјава за „Слободен печат“.