Поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДСМ Петре Шилегов пред малку јавно преку социјалните мрежи побара оставка од лидерот на СДСМ Венко Филипче. Во објава на Фејсбук, Шилегов искажа став за изборот на новото раководство на социјалдемократите кое синоќа беше обзнанено од самиот прв човек на Бихаќка. „Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла !!!! Или тешка Ви е одговорноста ? Или Ви тежи договорот ? Или си СДСМ или си тезгарош !!! М ?
Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова Година, Божиќ, ќе се заборави“, објави Шилегов на најмасовната социјална мрежа, коментирајќи ги случувањата во неговакта матична партија. Објавата експресно ја ажурираше со уште една. „Бидејќи можеби многумина не разбраа (преку 50 тел повици за 7 мин) ДА !!! Барам оставка на “претседателот” на СДСМ !!!!.
„Фокус“ објави дека меѓу членството и симпатизерите веќе циркулира иницијатива за обединување на СДСМ, која подготвува политички концепт и кадровска понуда во која би влегле поранешни видни социјалдемократски личности, меѓу кои и некогашните потпретседател и генерален секретар Игор Ивановски Шема и Андреј Петров. Не се исклучува можноста и Шилегов да е дел од таквата иницијатива за промени на Бихаќка, по катастрофалните резултати на последните избори, со кои СДСМ полека го губи приматот на најголема опозициска партија.