Aмериканскиот министер за одбрана – Пит Хегсет денеска им се обрати на стотици американски генерали и адмирали повикани од целиот свет во морнаричката база Квантико во Северна Вирџинија и им порача да „се подготват за војна“.
„Отсега, единствената мисија на повторно воспоставеното Министерство за војна е да води војна“, рече Хегсет во својот говор.
„Подготовка за војна и подготовка за победа. Непоколебливо и бескомпромисно во таа потрага. Не затоа што сакаме војна. Никој овде не сака војна. Туку затоа што го сакаме мирот“, рече Хегсет.
„Неодговорните и неодговорни политички лидери поставија погрешна насока и го изгубивме патот. Станавме „Разбудена служба“. Но, повеќе не“, рече Хегсет, според Ројтерс.
Во истиот говор, Хегсет им рече на врвните воени команданти дека повеќе не сака да гледа „дебели генерали и адмирали“.
„Сосема е неприфатливо да се гледаат дебели генерали и адмирали во ходниците на Пентагон како командуваат низ целата земја и светот, тоа остава лош впечаток“, рече Хегсет.