Секој петти граѓанин во Македонија живее под прагот на сиромаштија

by irena 15:55
15:55

Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година била 21.9%, односно секој петти граѓанин е сиромашен. Податоците се базираат на Анкетата за приходите и условите за живеење, спроведена според препораките на Европската Унија.

Прагот на сиромаштија е дефиниран како 60% од медијалниот еквивалентен приход, а анализата покажува дека најголема стапка на сиромаштија имаат одредени групи домаќинства и лица. Така, домаќинствата составени од двајца возрасни со две деца имаат стапка на сиромаштија од 17.1%, додека кај вработените лицa таа изнесува 7.9%, а кај пензионерите 12.0%.

„Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 7.9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 12.0%. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 29.1 %.“ стои во извештајот.

Овие податоци укажуваат дека, и покрај растот на економијата во последните години, значителен дел од граѓаните сè уште живеат под прагот на сиромаштија.

С.Т

Слични вести