Се запали спортска обложувалница во Кисела Вода

by irena 12:57
12:57

Пожар избувнал во спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, во текот на ноќта.

Според информациите од СВР Скопје, настанот бил пријавен во 00:20 часот.

На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која го изгаснала пожарот.

Во инцидентот нема повредени лица, а извршен е увид за утврдување на причините за пожарот.

Слични вести