Се тепале 13 лица пред болница, полицијата морала да пука во воздух за да престанат

by irena 14:48
14:48

Денеска вриеше од припадници на МВР во дворот и околу прилепската болница, откако две поголеми групи во близина на болницата се обиделе да се пресметаат.

„Околу 12.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други предмети. На местото се испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од нив испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол“, велат од полицијата во Прилеп.

Во Полициска станица Прилеп се приведени 13 лица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Орце Костов

Слични вести