Се судрија два велосипеди и автомобил кај скопско Радуша – повреден е едниот велосипедист

by irena 13:50
13:50

МВР информира дека вчера наутро околу 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на општинскиот пат од с. Радуша кон с. Дворце, на местото викано „Сува река“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(20) од с. Дворце, скопско, велосипед управуван од К.Ш.(68) од Скопје и велосипед управуван од А.Г.(61) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Ш., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести