Параглајдерист (59) од САД тешко повреден во битолско

by irena 13:35
13:35

МВР информира дека вчера попладне во 15:52 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с. Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б.(59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди.

Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Слични вести