„Сè е минливо, освен добрината што ја оставаме зад себе“: Пораката на Панчо која треба да ја запаметиме

by irena 22:12
22:12

Смртта на Владимир Блажев – Панчо наврати многумина на најубавите спомени со него и на неговите изјави и пораки за животот.

Една од Instagram објавите на популарниот музичар одново се споделува која го доловува неговиот светоглед.

Панчо

На овој свет сите сме дошле сами и ќе си отидеме сами.

Си дошол гол.

Ќе си отидеш гол.

Си дошол слаб.

Ќе си отидеш слаб.

Твоето прво бањање?

Некој те избањал.

Твоето последно бањање?

Некој ќе те избања.

Тогаш зошто е потребна сета таа злоба, завист, омраза, его…..

И онака заминуваме со празни раце.

Треба да го градиме богатство во себе.

Луѓето ќе нè памтат по нашата добрина, хуманост и колку љубов сме дале и оставиле зад себе.

Слични вести