СДСМ: Зошто министерот Филков од ЗНАМ ги држи во фиока документите за екстрадиција на Груевски?

by irena 09:47
09:47

„Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски – зошто министерот за правда Филков од ЗНАМ ги држи во фиока? Судот ги завршил и ги доставил сите потребни документи за екстрадиција на осудениот криминалец Никола Груевски. Сега тие документи се во Министерството за правда, а министерот од ЗНАМ, дел од тендер коалицијата на Мицкоски, не ги испраќа во Унгарија.

Нема никаква причина да се чека нова влада. Институциите мора да работат и да постапат веднаш.

Мицкоски и неговата влада свесно го штитат Груевски и му даваат време да побегне во трета држава. Ова не е административна грешка туку свесна заштита на криминалецот од страна на шефот на криминалната организација ВМРО-ОКГ.

Граѓаните заслужуваат јасен одговор: Зошто Мицкоски не го бара Груевски? Зошто документите се заглавени во Министерството за правда?
Доаѓа времето на вистината!“, се вели во соопштението на СДСМ кое го пренесуваме интегрално.

Слични вести