СДСМ: Власта сака целосна контрола – изборот на в.д. обвинителка е нов доказ

by irena 09:23
09:23

„Власта на Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството. Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните. Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа. Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски, а се однесуваше на незаконско финансирање
на ВМРО-ДПМНЕ“ соопштија денеска од опозициската СДСМ.

Од партијата велат „таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ“.

„Дали сега на сите им е јасно што се случува? Исто како во времето на Груевски. Нема да ви помине! Сите ќе одговарате! Работата не е завршена!“ велат од СДСМ.

Слични вести