Елмас и Наполи го освоија Супер купот на Италија

by irena 08:58
08:58

Екипата на Наполи каде настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го освои Супер купот на Италија.

Во финалето што се играше во Ријад, Саудиска Арабија ја совладаа Болоња со 2:0.

Стрелец на двата гола беше Давид Нерес во 34.минута и во 57.минута.

Елмас беше дел од стартните единаесет на овој натпревар, а на теренот мина 68 минути.

За Наполи кој има четири шампионски пехари, ова беше трет освоен Супер куп.

Слични вести