СДСМ тврди дека бројот на Томовски е наведен за контакт во „Сити аутсорсинг“, тој негира поврзаност со фирмата

by vlatko 16:22
16:22

Меѓу телефонските броеви за контакт што ги навела фирмата „Сити аутсорсинг“ е и бројот кој, кога ќе се провери, излегува слика на Ивица Томовски, велат од СДСМ.

Опозицијата тврди дека фирмата која добила 161 тендер во вкупна вредност од 5,3 милиони евра е негова семејна фирма.

Според СДСМ, фирмата првично се викала „Сити логистик“ чиј сопственик во моментот на основањето бил Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски, а управител бил Слободан Кутановски, нивни близок роднина.

-Меѓу телефонските броеви коишто се наведени во оваа семејна фирма е бројот, кој го проверивме и погледнете чија фотографија излегува. На Ивица Томовски. Не дека ова беше неопходно за да се потврдат семејните врски на Ивица со неговиот татко Витомир, ниту, пак, со неговиот роднина Кутановски, кои се во оваа фирма – рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи Томовски потврди дека бројот што денеска го обелодени СДСМ е негов, но повторува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Сити аутсорсинг“.

-Јас не сум сопственик, не приходувам и немам никаква директна врска со споменатата компанија. Досега не чув каков криминал сум направил, ниту пак видов докази за тоа. Во тоа нивно растурање пердуви, вчера жигосаа уште една домашна компанија која не е моја, а денес јавно го објавија мојот телефонски број-број кој е познат на сите кои ме познаваат, кој го имам со години и кој е единствениот број што го поседувам, доделен пред многу години од мојот татко. На истиот тој број можеа да се јават и да се извинат, но тие одбраа да одиме по судски пат. Затоа уште еднаш повторувам: ќе одговараат, и следува тужба. Јака работа завршил антикорупцискиот тим на СДС, го нашле мојот број што сите го знаат и е на мое име – вели тој.

Слични вести