Пронајден е починат маж пред поликлиниката во Ченто

by vlatko 16:55
16:55

Вчера пред Поликлиника „Ченто“ во Скопје бил пронајден починат маж на возраст од 44 години, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот во 07:00 часот бил пријавен во СВР Скопје од медицинскиот персонал на поликлиниката.

Лекар извршил преглед и констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот Е.Е. од Скопје е предадено за обдукција, со цел да се утврдат точните околности и причината за смртта.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Слични вести