СДСМ: Јаневска призна дека учебници нема за сите деца, најдобро нека си поднесе оставка

by valentina 14:10
14:10

Министерката за образование Весна Јаневска, по неколкунеделните манипулации и уверувања дека на 1 септември секое дете ќе добие учебници, конечно ја призна вистината – учебници за сите ученици НЕМА. Со ова, министерката директно си ги потврди лагите и манипулациите со јавноста. Прво тврдеше дека „сè е подготвено, сè е под контрола, учебници на 1 септември ќе има за сите ученици“, потоа обвини дека СДСМ лаже, за да на крај под притисок на јавноста и на фактите, ретерираше и го призна она што СДСМ го тврдеше – дека учебници за сите нема, порачаа денеска од СДСМ.

Според партијата, наместо вистински да работи за подобри услови во образованието, министерката Јаневска спроведува постојана изборна кампања – шета по училишта, по печатници и држи говори дека се е решено, додека реалноста е сосема спротивна.

-Децата на почетокот на учебната година немаат сите учебници, наставниците работат во сè потешки услови. Ако министерката Јаневска манипулира со јавноста, лаже и ако не е способна да го води ресорот, а јасно е дека не е – најдобро е да си поднесе оставка. Учебната година започна, а учебници нема – иако власта потроши 11 милиони евра. Учениците од осмо одделение немаат учебници по математика, историја, хемија, физика и странски јазици, велат од СДСМ.

Слични вести