Министерство за здравство: Пет пожарникари и осум вработени од ,,Винчини” се на болничко лекување

by valentina 14:16
14:16

Министерството за здравство информира дека по пожарот кој вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогес“ во Виница, хоспитализирани се:

,,едно лице (пожарникарка) во ЈЗУ Клиничка болница – Штип,

четири лица (пожарникари) во Општата болница во Кочани,

осум лица (вработени во фабриката) на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје.

Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, информираат од министерството.

Слични вести