Сашо Клековски најверојатно ќе биде нов министер за здравство

by irena 16:17
16:17

По една година министерување, се очекува со веќе долгонајавуваната реконструкција на владата, Азир Алиу да биде сменет од министерската позиција во здравствениот сектор.

Веќе при крај се официјалните преговори за тоа кој се ќе влезе во владата на Христијан Мицкоски, а кој ќе добие чистка во однос на досегашната работа.

Се очекува владејачката ВМРО-ДПМНЕ да го преземе секторот здравство , а во таа комбинација се споменуваат неколку имиња, како актуелниот директор на Градската болница „8 септември“, Синиша Стојановски, но и актуелниот директор на Фондот за здравство, Сашо Клековски. Исто така,  се врти и името на директорот на Ургентен центар, Игор Мерџановски.

“Фокус” на оваа тема побара коментар и од Клековски, кој рече дека слушнал нешто, но таа одлука ја носат други.

“Не можам ниту да потврдам, ниту да демантирам”, истакна Клековски.

Во неколку наврати досега објавивме како се одвиваат преговорите меѓу коалиционите партнери и кои ќе бидат новите владини луѓе.

Од утре стартуваат разговорите за реконструкцијата на Владата – кои министри ќе „летаат“ од позицијата?!

Исто така, со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, ќе раководи Вреди.

Како што изјави вчера Беким Сали, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет.

Две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, но се уште не е дефинирано кои ќе бидат тие.

Ирена МУЛАЧКА 

Слични вести