Сојузниците на НАТО разгледуваат како можат да соработуваат за повторно отворање на Ормускиот Tеснец, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Секако, сите се согласуваме дека трговијата мора да се продолжи. Колку што знам, сојузниците соработуваат и дискутираат како да го постигнат тоа. Тие соработуваат за да најдат решение“, изјави Руте за новинарите за време на посетата на Норвешка, објави Тајмс оф Израел.
Иран го затвори Ормускиот Tеснец поради војната меѓу САД и Израел против Техеран.
Во меѓувреме иранските сили нападнаа бродови во Ормускиот Теснец меѓу Иран и Оман, прекинувајќи една петтина од глобалните испораки на нафта.
Цените на нафтата се зголемија за повеќе од 40 проценти од почетокот на конфликтот меѓу САД и Израел и Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон е фокусиран на намалување на способноста на Техеран да го загрози меѓународниот превоз и ги повика другите земји да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец, но неколку клучни сојузници на САД го отфрлија неговиот повик да испратат воени бродови за да ги придружуваат бродовите низ теснецот.