Професорот Росоклија, специјалист по неврологија, невропатологија и психијатрија, кој дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје и долго време работи на Универзитетот Колумбија во Њујорк, во изјава за „Топ Тема“ истакна дека тоа било грант односно проект исклучиво за истражувачка дејност.
Грантот бил потпишан во 1996 година помеѓу Универзитетот Колумбија и македонските медицински експерти, како и со Институтот за судска медицина, Институтот за патологија и Психијатриската клиника.
Росоклија истакнува дека сите активности биле целосно етички и легални: „Тој грант како и сите други грантови со Макелонија (мислам б или 7) ги имаат сите согласности ол етичките комитети на Медицинскиот факултет, после 2006 кога станав акалемик и на етичкиот комитет на МАНУ како и на Колумбија, и за секое ткиво кое е користено има писмен консент од семејството за интервју и за користење на ткивото.“ стои во неговиот одговор за Телма ТВ.
Според професорот, грантот бил исклучиво наменет за научни истражувања и развој, без какви било други активности или финансиски злоупотреби.