Репрезентација на Португалија ја забележа првата победа на Мундијалот 2026. Во натпревар од 2. коло на К групата, Португалците беа убедливи со дебитантот Узбекистан со 5-0 .
Кристијано Роналдо беше стрелец на својот прв гол на Мундијалот и со него донесе предност на Португалија.
Во 17. минута веќе беше 2-0 и тоа со прекрасниот гол на Нуно Мендеш од слободен удар.
Португалците не застанаа. Во 39.минута по една одличен контранапад, Роналдо пак се запиша во листата на стрелци за 3-0 за Португалија.
Во второто полувреме уште два пати се тресеше мрежата на Узбекистанците.
Во 60.минута при еден метеж во шеснаесетникот на Узбекистан, Нематов постигна автогол, а конечните 5-0 ги постави Рафаел Леао со погодокот во 87-ма минута.
Со оваа победа Португалија со 4 бода изби на 1. место на табелата со бод повеќе од Колумбија. Колумбијците својот меч од втората рунда вечерва ќе го играат против ДР Конго.