Две девојчиња починаа поради топлотен бран, нивната мајка ги пронашла во несвест

by irena 21:25
21:25

Франција, Шпанија и Велика Британија се справуваат со екстремни температури, пожари и нарушувања во секојдневниот живот, додека експертите предупредуваат дека ваквите топлотни бранови ќе станат почести.

Ситуацијата во Франција е сè уште алармантна. Барајќи спас од екстремната топлина, 40 лица се удавија за помалку од една недела низ целата земја. Властите особено ги предупредуваат граѓаните да не пливаат во канали и реки, нагласувајќи дека таму се заканува најголемата опасност.

Јавноста беше потресена и од трагичната смрт на две девојчиња, на две и четири години, кои беа пронајдени во несвест во автомобил од нивната мајка. Уште три постари лица починаа како резултат на топлотниот бран.

Во неколку француски градови, температурите надминаа 40 степени Целзиусови, соборувајќи бројни температурни рекорди. Беше забележана и најтоплата ноќ од почетокот на мерењата во 1947 година – температурата не падна под 21,6 степени.

„Париз, кога температурите надминуваат 25 степени Целзиусови, е едноставно пекол на земјата. Катастрофално е во транспортниот систем. Не спијам добро, но не мислам дека сум единствената. Сите поминуваме низ истото, едноставно е ужасно“, вели 54-годишната Северин Ле Бозит.

Поради екстремните температури, реакторот во нуклеарната централа, сто километри од Тулуз, беше привремено исклучен бидејќи водата од блиската река се загреала премногу за безбедно ладење на системот. Поради топлината, порано беше затворена и Ајфеловата кула.

Тешката ситуација е забележана и во Шпанија. На 101 мерни станици на националната метеоролошка мрежа, температурата достигна или надмина 40 степени Целзиусови, додека највисоката температура измерена вчера беше 45,1 степени.

„Добро сум, но се заштитувам со овој чадор. Мислам дека луѓето треба да се навикнат на нив бидејќи се неопходни во Мадрид“, рече жителката на Мадрид, Кристина Риверо.

Високите температури придонесоа и за појава на шумски пожари на истокот од земјата.

Топлинскиот бран силно ја погоди и Велика Британија, каде што температурите во некои делови од земјата би можеле да надминат 39 степени Целзиусови во наредните денови. Ова би го срушило јунскиот температурен рекорд од 35,6 степени, поставен пред половина век.

„Жешко е, но се обидуваме да останеме во сенка. Ова ни е втор пат во Лондон, па затоа се обидуваме да ги избегнуваме најпосетуваните туристички места. Пиеме многу вода и остануваме во сенка колку што е можно повеќе“, рече Артур, турист од Холандија.

Според податоците од Светската метеоролошка организација, Европа се затоплува повеќе од двојно побрзо од глобалниот просек, поради што експертите предупредуваат дека ваквите долготрајни топлотни бранови ќе стануваат сè почести.

Слични вести