Четири лица од тетовското село Палатица се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Скопје–Тетово, кај Ласкарци. Меѓу повредените има и 15-годишник.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Скопје околу 21:45 часот.
Возило со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Е.К. од Палатица, удрило во ограда, по што излетало од патот.
Најтешко поминале возачот и двајца од сопатниците. Тешки телесни повреди им биле констатирани на 23-годишниот возач, на 19-годишниот М.С. и на 15-годишен сопатник.
Повреден е и четвртиот патник во возилото, 20-годишниот Е.К., кој се здобил со телесни повреди.
Сите четворица биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што бил утврден степенот на нивните повреди.
За несреќата бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.