Родители во Прилеп го нашле бебето починато кога се разбудиле

by irena 12:02
12:02

Бебе старо само осум дена било донесено вчера во прилепската болница без знаци на живот, соопштија од СВР Битола.

„На 11.12.2025 во 08:35 часот, во СВР Битола е пријавено дека на Детското одделение при Општата болница во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе на возраст од осум дена. По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција“, велат од СВР Битола.

Од Обвинителството наредија обдукција врз телото по што ќе се утврдат причините за смртта.

Инаку, информациите се дека родителите го пронашле бебето починато, кога се разбудиле од спиење.

Ова е трето дете на мајката, која има и 17-месечно бебе и 3-годишно дете.

Слични вести