Студентското движење ги покани граѓаните на Србија на голем протестен митинг денеска попладне на белградскиот плолштад „Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, која бара одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата.
Собирот започна во 13 часот на четири локации во Белград, а протестот кај „Славија“ е закажан од 18 до 20 часот, објавија студентите на Инстаграм.
Освен што цела „Славија“ е полна, и околните улици се полни со луѓе, кои продолжуваат да пристигнуваат од многу правци како овој белградски плоштад.
Во исто време, поддржувачите на владејачката Српска напредна партија и шефот на државата, Александар Вучиќ, се подготвуваат за митингот „Србија победува“ во таканаречениот „Ќациленд“, во Пионерскиот парк, до кој се наоѓа канцеларијата на претседателот на државата.
Во пресрет на големиот протест во Белград, кабинетот на Вучиќ објави дека тој ќе биде во официјална посета на Кина од 24 до 28 мај.