30-дневен притвор за возачот кој усмрти четири лица

by irena 18:02
18:02

Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на косовскиот државјанин Б.Б. (76), кој го управуваше камионот кој удри во автомобил во сообраќајната несреќа кај скопската обиколница помеѓу надвозник Визбегово и клучката Мирковци, во која загинаа четири лица.

Притвор побара Основното јавно обвинителство, а тој му бил одреден синоќа, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, информираа од Судот.

Во несреќата загинаа 20-годишниците Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов и Адам Велков, и 51-годишниот оперски баритон Ристе Велков, татко на Адам Велков.

Косовскиот државјанин е осомничен за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а како што информираа претходно од Обвинителството, тој не ја прилагодил брзината и не се придржувал кон прописите.

Слични вести