Рама објави како уриваат дивоградби во Албанија

by vlatko 17:26
17:26

Албанскиот премиер Еди Рама, споделувајќи видео од акцијата за уривање на дивоградби, на „Фејсбук“ напиша дека со овие сцени ја продолжуваат битката против бесправната градба која ги загрозува и нагрдува заедничките простори. Тој порача дека ова ќе биде последното поглавје во справувањето со градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи.

„Со овие сцени од соочувањето со незаконитостите што ги повредуваат и нагрдуваат просторите во кои заедно живееме како синови и ќерки на оваа земја, а каде што, по секоја цена, ќе го напишеме последното поглавје од битката против градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи, ви посакувам успешна недела“, напиша Рама.

Слични вести