Ракометарките на Ѓорче Петров се државни прваци во пионерска конкуренција

by irena 14:24
14:24

Ракометарките на Ѓорче Петров во пионерска конкуренција се старо нови шампионки на Македонија.

На две кола до крајот на првенството имаат недостижна предност на врвот на табелата и максимален биланс од 18 победи на исто толку натпревари пред тимот на Астибо кој има шест бода помалку.

На последниот натпревар, Ѓорче Петров ја совлада екипата на Струга со 21-11, а најдобри стрелци беа Варвара Атанасовска со седум и Лана Алтанова со три гола.

Во следното коло, Ѓорче Петров игра со Шампион дома, а во последното ќе игра на гостински терен кај Вардар, и на некој од тие два меча ќе го добие заслужениот пехар и медалите.

Слични вести