МВР информира дека вчера наутро во 09:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш лишија од слобода 43-годишна радовишанка затоа што околу 05:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна мајка.
Таа е спроведена во здравствена установа, а за настанот е запознаен јавен обвинител.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Истиот ден, во 17:15 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода А.Ј.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 63-годишен татко дека околу 16:00 часот во семејниот дом со остар предмет му упатил закани и искршил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Неколку часа подоцна, утринава во 02:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(19) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот 45-годишен татко.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.