Ја претепал вонбрачната партнерка и искршил дел од покуќнината

by irena 14:16
14:16

МВР информира дека вчера во СВР Штип, 46-годишна жена од Штип пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер С.В. од Штип, кој употребил тврд предмет и оштетил дел од покуќнината.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични вести