(ФОТО галерија) Првиот снег во Скопје донесе хаос во сообраќајот

Фото: Томислав Георгиев

by irena 08:22
08:22

Првиот снег сезонава предизвика сериозни проблеми во сообраќајот во Скопје, а голем дел од улиците утрово се непроодни или тешко проодни, реагираат граѓаните преку социјалните мрежи.

Како најкритични точки се посочуваат мостот Маџари кон Ченто, како и надвозникот од населбата Даме Груев кон Ѓорче Петров, каде возилата со часови стојат во место.

Според сведочењата, коловозите се замрзнати, а сообраќајот се одвива исклучително бавно или е целосно блокиран.

Проблеми се пријавуваат и во Општина Илинден, каде се создала огромна гужва, а излезот кон автопатот е речиси невозможен поради замрзнати коловози и застој на возилата.

Слична состојба се бележи и во Драчево и Пинтија, каде има долги колони и исклучително лизгави сообраќајници.

Дополнителни проблеми има и во јавниот превоз.

Граѓаните апелираат до надлежните служби за побрза интервенција, чистење и посипување на улиците, особено на мостовите и надвозниците, истакнувајќи дека поради снежните услови доцнат на своите работни места.

Во меѓувреме, се препорачува возачите да бидат крајно внимателни, да користат задолжителна зимска опрема и, доколку е можно, да ги одложат патувањата додека не се стабилизира состојбата на патиштата.

Слични вести