295
Откако денеска заврши гласањето во четири општини во државата, во кои се повторија локалните избори, објавени се и првичните резултати.
Според ДИК, со преброени 82,64% од гласовите во Гостивар, од резултатите од преброените гласови во 105 од 121 избирачки места во Гостивар, води Валбон Лимани од Национална Алијанса за интеграција, кој освоил 13.784 гласови.
Неговиот противник од ВЛЕН, Невзат Бејта, има добиено 7.003 гласови.
Валбон Лимани по професија е доктор, а во минатото ја извршуваше функцијата претседател на Советот на Општина Гостивар во периодот кога Арбен Таравари беше градоначалник. Подоцна, по заминувањето на Таравари во извршната власт, Лимани ја презеде и функцијата вршител на должност градоначалник.