Петмина повредени при сообраќајка на патот Тетово- Скопје

by valentina 20:23
20:23

Попладнево на патот Тетово – Скопје се случи сообраќајна несреќа меѓу две возила, при што пет лица се здобиле со повреди.

Двете возила се судриле, едното од нив е сериозно оштетено и свртено во спротивна насока.

На местото на настанот извршен бил увид од страна на екипа на СВР Тетово, а причините за сообраќајната незгода се утврдуваат.

Слични вести