Противпожарен авион падна во морето во Грција откако пилотот пријави проблем со моторот. Инцидентот се случи во неделата во доцните попладневни часови.
Според објавените информации, станува збор за изнајмен авион ангажиран во противпожарните операции. Откако забележал проблем со леталото, пилотот навреме ја известил контролата и извршил принудно слетување во Егејското Море.
На местото прв пристигнал рибарски чамец. Луѓето од него успеале да го извлечат пилотот од морето и да го однесат на безбедно.
Ова не е прв инцидент со воздушно противпожарно средство во Грција ова лето. Претходно беше регистрирано уривање на хеликоптер при полнење вода, при што екипажот преживеа, додека во друг случај при судир на два хеликоптери загинаа двајца членови на екипажот.