Пронајдени се двете туристки од Португалија, кои се загубиле на Водно

by vlatko 20:52
20:52

Две девојки од Португалија, кои се загубиле на Водно, биле пронајдени.

„Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка.

Дирекцијата за заштита и спасување итно изврши мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш беше упатен во пребарување на теренот.

Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија“, информира ЦУК.

Слични вести