196
Во водите на Дебарското Езеро, во близина на пумпната станица кај градот Дебар, вчера била пронајдена почината 27-годишна девојка, соопшти СВР Охрид.
Телото на С.А. од Дебар било лоцирано на околу два метри од брегот. По наредба на јавен обвинител, на местото на настанот бил извршен увид од полициски екипи.
Лекар од Општата болница во Дебар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Телото е предадено за обдукција, а надлежните институции работат на утврдување на причините за смртта.