Променливо облачно време со сончеви периоди

by vlatko 08:04
08:04

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло, со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.

Попладне се очекува појава на повремен локален слаб дожд, а постојат услови и за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 12 степени, додека максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Слични вести