Променливо облачно со засилен северен ветер

by irena 07:41
07:41

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури.

Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег.

Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер.

Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

Слични вести