Професорката Симона Груевска-Маџоска поднесе оставка од функцијата претседател на Советот за македонски јазик

by irena 21:35
21:35

Професорката Симона Груевска-Маџоска денеска преку објава на Фејсбук соопшти дека поднела неотповиклива оставка од функцијата претседателка на Советот за македонски јазик при Министерството за култура и туризам и од позицијата координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик.

Во објавата таа не ги наведува причините поради кои ја донела одлуката, но вели:

„Преку некои работи не може да се премине.“

Таа упати благодарност до членовите на Советот за соработката, на членовите на Координативното тело за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во 2025 година и на членовите на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик и им посака успешна понатамошна работа.

Груевска-Маџоска ја извршуваше функцијата претседателка на Советот за македонски јазик од 20 декември 2024 г.

Слични вести