Приведен гостиварец: Нападнал 24-годишна жена на нејзиното работно место

by irena 11:55
11:55

Полицијата во Гостивар привела 52-годишен маж по пријава дека агресивно се однесувал и физички нападнал 24-годишна жена на нејзиното работно место.

Како што информира МВР, случајот се случил на 13 септември околу 18:50 часот во угостителски објект во Гостивар. Жената З.И. (24) пријавила дека Д.Г. (52) од Гостивар агресивно се однесувал кон неа и физички ја нападнал.

Полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.Г. околу 19:10 часот. При извршеното алкотестирање кај него било утврдено присуство на алкохол во крвта од 0,98 промили.

Мажот бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести