Прилепчанец со завршено четврто одделение мамел дека има осмо, сакал возачка со лажно свидетелство

by irena 13:21
13:21

Полицијата во Прилеп поднесе кривична пријава против 49-годишен прилепчанец кој се обидел со фалсификуван документ да се запише во автошкола.

Истражителите утврдиле дека во септември 2025 година тој изработил лажно свидетелство на свое име, наводно издадено од основно училиште за завршено осмо одделение.

Целта му била со документот да се пријави во автошкола за полагање возачки испит, иако, според наводите, имал завршено само четврто одделение.

По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Слични вести