1
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.В.(57) од Прилеп.
Според информациите од полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“.
– На 09.09.2026, пријавениот со нож упатувал закани и пружал отпор на полициски службеници, кои вршеле службени дејствија, соопштија од МВР.