1
Две лица предизвикале инцидент во казино на подрачјето на Кисела Вода, при што бил оштетен дел од инвентарот, а неколку гости и вработени биле пренесени на Клиниките поради проблеми со дишењето.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен денеска во 02:35 часот, по полноќ.
– Двете лица ги вознемирувале гостите во објектот, а едниот од нив фрлил мобилен телефон кон жена, но не ја погодил. Според пријавеното, тие оштетиле дел од инвентарот и активирале противпожарни апарати. Поради проблеми со дишењето, неколку гости и вработени биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, информираа од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.