Преживеан во кочанската трагедија се откажа од кривично гонење на обезбедувањето

by irena 14:57
14:57

Преживеан и повреден во пожарот во „Пулс“, Кристијан Китанов се најде во непријатна ситуација кога адвокатот на еден од обвинетите Јовица Страшевски побара да се изјасни дали се приклучува кон кривичниот прогон и на обезбдувачите за кои претходно кажа дека му го спасиле животот.

Китанов по ова прашање рече дека се приклучува кон кривичниот прогон и отштетното побарување за сите, освен за обезбедувањето. Ова предизвика дебата во судницата меѓу одбраната и обвинителството кое приговараше на барањата на одбраната да бара правно толкување на сведокот.

Во оваа дебата се судрија и адвокатот Петре Шилегов и обвинителот Дарко Јакимовски кој тврдеше дека се прават замени на тези и дека службените лица не одговараат дека го предизвикале пожарот, туку за непостапување, а Шилегов ги читаше кривичните дела за да го демантира.

Тој сведочеше дека се обидувале да го извлечат и луѓе од обезбедувањето и полицаец, а на крајот не можел ни да подаде рака за спас.

Слични вести