1
Од утринава се вршат претреси на десетина локации, поради нова акција на Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР.
Според првичните неофицијални информации, со акцијата опфатени се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Меѓу осомничените е и поранешниот директор на ФЗО, Ден Дончев.
Повеќе детали и официјални инфоемации се очекуваат во текот на денот.