2
Од МВР информираат дека е уапсен 37-годишен возач во Кочани, кој возел нерегистрирано возило, без дозвола и учествувал во сообраќајна незгода, по што избегал.
-На 28.10.2026 во 16:05 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.А.(37) од Кочани. Претходно, тој учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „бмв“ со кочански регистарски ознаки и го напуштил местото, а по преземени мерки бил пронајден при што било констатирано дека го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило и со измината важност на сообраќајната дозвола.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.