Прегазено седумгодишно дете во Тетово, возачот побегна

by irena 13:52
13:52

МВР информира дека вчера попладне во 16:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул. „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило, удрило во седумгодишно дете-пешак од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Слични вести