Почина млад мотоциклист од Куманово

by irena 13:48
13:48

МВР информира дека вчера попладне во 16 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с. Кокино-с. Длабочица, општина Старо Нагоричане, мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од А.Д.(21) од Куманово, излетал од коловозот.

Од здобиените повреди на пат кон болница починал мотоциклистот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Слични вести