225
МВР информира дека вчера попладне околу 17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Живко Фирфов“ во скопската населба Драчево, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.