Притвор од 30 дена за Корабоски, обвинет за претепување на својата девојка во Охрид

by valentina 08:08
08:08

Судот во Охрид му одреди 30 дена притвор на 31-годишниот Кристијан Корабоски, кој вчера беше обвинет за три кривични дела, откако претходно ја претепал својата партнерка, 26-годишната Сара Ѓ. во Охрид.

На обвинетиот насилник најпрвин му беше одредена мерка на претпазливост, но подоцна обвинителството, откако ги собра сите докази, побара да му се одреди притвор.

Тој се гони за три кривични дела – Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста.

-При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена.
Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди, информираа вчера од Обвинителството.

В.В.

Слични вести