Прегазен пензионер во Драчево

by irena 14:30
14:30

МВР информира дека вчера утрината околу 07:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Бранко Заревски“ и ул. „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.М.(58) од Скопје, удрило во пешакот Ј.М.(79) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести